Прекршено примирјето- повторно напади во Појасот Газа

08.08.2014 11:07

Израел соопшти дека сака да го продолжи на „неодредено време“ тридневното примирје, но официјални лица од Хамас велат дека ќе се согласи да го продолжат прекинот на огнот само ако Израел ја подигне блокадата...

Само неколку часа пред истекот на тридневното примирје, израелската армија соопшти дека ракети биле истрелани од Појасот Газа. Во нападот нема повредени. Во Каиро сеуште се водат разговори во насока на продолжување на прекинот на огнот.

Израел соопшти дека сака да го продолжи на „неодредено време“ тридневното  примирје, но официјални лица од Хамас велат дека ќе се согласи да го продолжат прекинот на огнот само ако Израел ја подигне блокадата на Појасот Газа и ги отвори пристаништата. Палестински официјални лица го обвинија Израел за блокада во преговорите.

Жалиме за секој убиен цивил во Газа, но одговорноста за овие трагедии му припаѓа на Хамас, бидејќи тие целат токму врз нашите цивили. Прават двојно злосторство и   очекуваат светот да го осуди Израел за преземање на легитимна воена акција на самоодбрана“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на военото крило на Хамас, предупреди во телевизиското обраќање на 7-ми август дека ќе продолжи со борбата против Израел ако нејзините барања не бидат исполнети.