Минатата година детектирани 30 лажни лиценци на сметководители
Институтот за сметководители ќе пркоси на сивата економија во земјава. Фирмите ќе бидат окото кое ќе ја детектира и нема да дозволи да егзистира на домашниот пазар. Минатата година биле детектирани 30 лажни лиценци на сметководители.

Постојаната промена на законските решенија е еден од предизвиците на сметководителите. Оние кои не можат да ги следат на почетокот на годината се соочија со дисциплински постапки и одземање на лиценците.
Но, сепак им се дозволи да ги завршат завршните сметки на компаниите. Сметководителите се и прва брана за сивата економија која во земјава е на високо ниво од 40 отсто.
Неопходно е усогласување со европските стандарди зад кои сериозно каскаме. Потребна е дигитализација со што постојано би се ажурирале податоците за компаниите.
Вештачката интелигенција делумно може да ја замени работата на сметководителите, но не и целосно.
Александра Велинова
