Украина

Трамп сака договор меѓу Зеленски и Путин

01.04.2025 14:30

Шефот на Белата куќа сака договор со рускиот и украинскиот претседател за ставање крај на војната во Украина. Трамп објави дека не планира да воведува санкции за руската нафта, како што претходно се закани. Во Европа се погласна дебатата за безбедноста на Украина и одбраната на границите.В четврток и петок, во Брисел, состанок на министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО...

Се погласна е дебатата во ЕУ за зајакнување на одбраната и украинската безбедност. Зеленски разговарал со британскиот премиер Стармер за заедничките чекори за мир и безбедносните гаранции, договорена средба на воени претставници на Лондон, Киев и Париз. Дебатата следува по неодамнешната средба во Франција на „Коалицијата на подготвените“.

„Ја цениме позицијата на Обединетото Кралство во однос на притисокот врз Русија – притисокот мора да биде доволно силен за да ги спречи Русите да ја прошират оваа војна. Москва бесрамно ги исмева напорите на нашите партнери за унапредување на мировната агенда – со постојани нови напади со беспилотни летала и немилосрдно, брутално гранатирање. Само преку притисок може да се стави крај на ова и Русија да биде принудена на мир“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Германската министерка за надворешни работи во заминување, од Киев порача дека Украина мора да се поддржи безусловно, бидејќи преговорите се во ќорсокак. Пред европарламентарците заклучоците од итниот самит на лидерите на ЕУ што се одржа претходно овој месец во Брисел. На состанокот беше потврдена поддршката за суверенитетот на Украина и зголемување на трошоците за одбрана на блокот.

„Мултиполарниот свет има потреба од силен мултиполарен систем. Во Европскиот совет е многу јасно чувството на итност за одбраната и за конкурентноста. Итност за намалување на бирократијата, итност за промовирање на Унијата за штедење и инвестиции и итност за одобрување на глобалната рамка за инвестирање повеќе, подобро, побрзо и заедно во нашата сопствена одбрана“, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

На фронтот продолжуваат битките и нападите со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура. Во исто време, Кремљ соопшти дека Русија и САД ги разгледуваат можните опции за мировно решение. На прашањето дали ќе наметне санкции за руската нафта откако изјави дека му е лут на Путин, американскиот претседател вели НЕ, сака договор.

„Мислам дека тој ќе го исполни она што ми го кажа и мислам дека ќе го исполни својот дел од договорот. Сега и Зеленски се надеваме дека тој ќе исполни очекуваното. Гледам дека тој се обидува повторно да преговара за ретките минерали“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

И додека ЕУ разгледува начини за поголемо вложување во сопствената одбрана, Кремљ објави пролетна мобилизација на 160.000 граѓани кои ќе бидат регрутирани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули. Регрутите нема да бидат испратени во новите региони на Русија ниту ќе учествуваат во специјални операции, соопшти руското министерството на одбрана. Министрите за надворешни работи на НАТО треба да се состанат в четврток и петок во Брисел.

Маријана Димовска