управување со отпад

30 проценти од отпадот во земјава се остава на диви депонии

01.04.2025 13:04

Повеќе од 30 проценти од отпадот во Македонија завршува расфрлен на земја. Не складиран, ниту пак однесен во депониите. Меѓународната заедница апелира на поголема свесност и изнаоѓање решение за овој проблем.

30 проценти од отпадот во земјава се остава на диви депонии.

Отпадот во помалите општини се расфрла на земја, а надлежните отпор имаат за иницијативи за изградба на депонии. Решение ќе се бара во новаци каде треба да се гради центар за управување со отпад според сите европски стандарди за околните општини.

Прилеп пак, проблемот го решава со доделување канти за селектирање на отпадот на домаќинствата.

Европските претставници воочиле дека имаме европски закони, но слаба реализација за управување со отпад. И во надлежното министерство се свесни за ова.

„Како што сите може да посведочиме, ситуацијата со отпадот не е добра и покрај многуте напори на еу. Во последните години видовме многу малку напредок, отпадот се остава на јавни површини и диви депонии“, изјави Штефан Вуделин од канцеларија на Европската комисија во Скопје.

Шведска како една од еколошки чистите европски земји членки споделува искуства како да се управува отпадот.

„Поддржуваме проект за одржлив систем за управување со отпад во два региона, Битола и 18 општини на југоистокот со фокус да се изгради овој систем од локално до национално ниво“, изјави Рајан Кнокс, Меѓународна организација на локални региони во Шведска.

„Една од најважните работи што треба да се направат во северна Македонија е да се воспостави ефективен систем за менаџирање со отпад. Во моментов многу од отпадот во земјава се остава на површини, што е голем еколошки проблем“, изјави Еми Орсон Шеин, амбасадорка на Шведска.

Проблемот со отпадот е делумно и поради малкуте инспекции и казни за загадувачите.

Ирина Гелевска