Здравство

Бројот на критични пациенти се намалува

01.04.2025 13:09

93 од повредените во несреќата во Кочани закрепнаа и се на домашно лекување, информира министерот за здравство Таравари...

Бројот на критични пациенти се намалува. А 93 од повредените во несреќата во Кочани закрепнаа и се на домашно лекување, информира министерот за здравство Таравари.

Тројца се во критична состојба. Вкупно 20 се лекуваат на клиниките во Македонија, а другите 80 се во странство. Денеска се очекува од странство да се вратат двајца пациенти. За критичните пациенти, Таравари вели дека нивната состојба не е променета. До крајот на неделата има најави за враќање и на други пациенти. Се работи за полесни пациенти, кои се целосно рехабилитирани.

За потешките пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација, истакна дека има неколку опции „8 Септември“ во Ковид центарот, Центарот за рехабилитација во Козле, но има и понуди за подолгорочна рехабилитација надвор од државата без трошоци од државата.

За состојбата на пациентите известува Наташа Јанчиќ-Менковски