Здравство

Денеска двајца пациенти се враќаат од странските болници

01.04.2025 16:29

Вкупно 20 се лекуваат на клиниките во Македонија, а другите 80 се во странство. Денеска се очекува од странство да се вратат двајца пациенти. За критичните пациенти, Таравари вели дека нивната состојба не е променета. До крајот на неделата има најави за враќање и на други пациенти. Се работи за полесни пациенти, кои се целосно рехабилитирани...

Двајца пациенти се враќаат, еден од Полска еден од Белгија. 80 остануваат во странските болници, 20 во домашните.

Сите се стабилни и прашање на ден е кога ќе заминат на домашно лекување. Во странство тројца пациенти се во критична состојба. Надлежните се подготвуваат за следните фази на рехабилитација.

Во Кочани има тимови од психолози и психијатри кои им помагаат на граѓаните за надминување на колективната траума, предизвикана од трагедијата.

За пациентите кои се на домашно лекување се грижи тим од доктори од Клиниката за пластична хирургија, кои во кочанската болница им вршат преврски и контроли.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски