Малезија
Над 100 луѓе се повредени во пожар на гасовод во Малезија
01.04.2025 14:13
Над 100 луѓе се повредени, а педесетина домови отштетни во пожар на гасовод во предградие на главниот малезиски град Куала Лумпур...

Над 100 луѓе се повредени, а педесетина домови отштетни во пожар на гасовод во предградие на главниот малезиски град Куала Лумпур. Десетици од повредените се хоспитализирани со изгореници.
До несреќата дошло откако пукнала гасоводна цевка по што настанала експлозија и пожар, принудувајќи ги луѓето да се евакуираат.
Надлежните власти соопштија дека главниот гасовод е исклучен, но огнот ќе биде целосно изгаснат откако ќе изгори преостанатиот гас.
