Протест

ССМ излегува на улица, бара повисоки плати за пристоен живот на работниците

01.04.2025 15:38

Претседателот на ССМ рече дека незадолството на работниците ја прелеало чашата, а креаторите на политиките оделе во погрешна насока на штета на работниците. Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека раководството на ССМ дебело профитира, односно за една година и два месеца зеле многу пари...

Сојузоот на Синдикатите на Македонија излегува на улица, на 2-ри април точно на пладне. Бараат повисоки плати и пристојна живејачка за работниците. Ќе се маршира од пред ССМ, кон Собрание, Стопанска комора до Влада.

Претседателот на ССМ рече дека незадоволството на работниците ја прелеало чашата, а креаторите на политиките оделе во погрешна насока на штета на работниците.

Сите избрани и именувани функционери, вклучително и претседателот на ССМ, да примаат плата од 500 евра, ама во Парламентот да биде изгласан закон со кој минималецот на работниците ќе биде 500 евра, а на другите работници платите да им се качат за 100 евра, бараат од ССМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека раководството на ССМ дебело профитира, односно за една година и два месеца зеле многу пари.

„Синдикалецот на батерии Трендафилов, за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари. Ова не е априлилили. Пријател со претставници на трулата комунистичка буржоазија, кои семејно си ги наследуваат функциите во синдикатот, за само да си ги полнат џебовите, не може да бидам. Само непријател“, напиша Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците од УЈП, околу 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 луѓе се под државниот просек.

Борис Грујоски