Собрание
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор, помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност
01.04.2025 20:12
Пратениците и од власта и од опозицијата едногласно ја одобрија потребата од законски измени на Законот за прекршоци за јавен ред и мир …

По две недели од трагедијата во Кочани, Собранието почна да работи. Итна забрана на употреба на пиротехнички средства во затворени простории и присуство на малолетници во кафулиња и дискотеки по полноќ. Со измените на Законот за јавен ред и мир, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува зголемување на казните од 200 до 250 евра за физички лица, како и од 500 до 10.000 евра за правните лица.
Миле А. Ристески известува.
