Конститутивна седница на новиот состав на лустрациска

08.08.2014 12:32

По проверката дали некој од членовите бил соработник со тајните служби, Комисијата ќе продолжи да работи со своите редовни активности...

Новиот втор состав на Комисијата за верификација на фактите денеска ја одржа конститутивната седница. Истовремено Комисијата покрена постапка за проверка на новите членови пред четирите надлежни институции Државниот архив на РМ, Управата за безбедност и контраразузнавање, Службата за безбедност на МО и Агенцијата за разузнавање.

По проверката дали некој од членовите бил соработник со тајните служби, Комисијата ќе продолжи да работи со своите редовни активности. Се очекува, како што информираат од Лустрациска, тоа да се случи до крајот на август или на почетокот на септември.

Собранието на Република Македонија за претседател на Комисијата повторно го избра Томе Аџиев, за негов заменик Асан Љума. Членови се Вецко Здравески, Новица Велјаноски, Предраг Димитровски, Шпенди Винца, Даут Даути, Ристана Лалчевска, Лимко Бајзароски, Игфор Лазаровски и Сашко Јанев. 

Нови членови на лустрациска се Љума, Димитровски, Лалчевска, Бајзароски, Лазаровски и Јанев.

Се очекува процесот на лустрација да заврши во јануари 2019- та година.