ССМ за денеска најавија протест за минималната плата
Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот...

Денеска во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата.
Протестот предвидено е да почне пред Работничкиот дом по што присутните ќе се упатат пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера рече дека владините политики се во погрешна насока и на штета на работниците.
