Киев и Москва се обвинуваат за напади
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за напади на енергетската инфраструктура и прекршување на договорот за прекин на огнот со посредство на САД...

Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за напади на енергетската инфраструктура и прекршување на договорот за прекин на огнот со посредство на САД.
„За нас одлучувачката акција е клучна. Зборовите не се доволни, со сета почит кон нашите партнери. Нам ни се многу важни санкциите. Разговаравме со Америка, а Русите тоа што го зборуваа постојано го кршат. Денес Украина, украинскиот народ страда. Затоа бараме чекори за санкции од Америка“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
„Рускиот министер за одбрана Белоусов рече дека мораториумот не се почитува. Енергетските капацитети на Руската Федерација беа напаѓани сето ова време, можеби со пауза од еден или два дена. Во исто време, руската армија го почитува мораториумот, кој претседателот нареди строго да се почитува за време на телефонскиот разговор со Трамп на 18 март“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Зеленски во петок ќе се сретне со претставници на земјите што се подготвени да испратат контингент војници во Украина. Во речиси истовреме во Брисел се одржува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО земјите. Главна тема е безбедноста на Украина и вооружувањето на Европа.
