Трамп денеска ќе ги објави новите царини
Трамп со недели го најавува 2-ри април како „Ден на ослободувањето“, кога ќе се воведат нови царини што ќе го преобликуваат светскиот трговски систем.

Белата куќа потврди дека претседателот на САД воведува нови царини, иако не го откри обемот на мерките. Трамп со недели го најавува 2-ри април како „Ден на ослободувањето“, кога ќе се воведат нови царини што ќе го преобликуваат светскиот трговски систем. Реципрочните царини кон земјите кои имаат мерки против американските производи ќе стапат на сила веднаш откако Трамп ќе ги објави, а царина од 25 насто за увоз на автомобили еден ден подоцна, на 3 април.
„Претседателот има брилијантен тим од советници кои ги проучуваат овие прашања со децении. И ние сме фокусирани на обновување на златното доба на Америка и правење на Америка да произведува суперсила“, изјави Каролин Левит, портпарол на Белата куќа.
Трамп веќе воведе царини за увоз на алуминиум и челик и ги зголеми давачките за сите производи од Кина. Јапонија, Канада, Кина, ЕУ најавија контрамерки. Брисел засега се надева на продолжување на дијалогот со Вашингтон.
