Совет на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Коцевски

02.04.2025 09:07

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот е втора точка на дневен ред на 22. седница, која досега два пати се одложува...

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот е втора точка на дневен ред на 22. седница, која досега два пати се одложува. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум.

Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката.

Портпаролката на Владата Марија Митева, на 26 март годинава, изјави дека Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, истото нема да го проследи до Собранието.