свет
Кина ги продолжува воените вежби околу Тајван
02.04.2025 09:21
Вежбите следат по зголемените тензии и се совпаѓаат со неодамнешната посета на американскиот секретар за одбрана Хегсет на Азија, каде што тој го критикуваше Пекинг...

Војската на Кина ги продолжува вежбите околу Тајван. Според Пекинг, Маврите се фокусирани на усовршување на способностите за удари со долг дострел врз симулирани критични инфраструктурни објекти. Вежбите следат по зголемените тензии и се совпаѓаат со неодамнешната посета на американскиот секретар за одбрана Хегсет на Азија, каде што тој го критикуваше Пекинг.
Тајван ги осуди маневрите, нарекувајќи ја Кина меѓународно признат креатор на проблеми.
