Јокиќ со нов рекорд во НБА
02.04.2025 09:22
Tриесетгодишниот српски кошаркар постигна 61 поен на натпреварот против Минесота. Тој имаше и 10 скока и 10 асистенции. Ниту еден играч досега не забележал трипл-дабл со толку постигнати поени.
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постави рекорд во НБА за постигнати поени во трипл-дабл.
Tриесетгодишниот српски кошаркар постигна 61 поен на натпреварот против Минесота. Тој имаше и 10 скока и 10 асистенции. Ниту еден играч досега не забележал трипл-дабл со толку постигнати поени.
Воедно, Јокиќ постави и нов личен рекорд во постигнати поени на натпревар во НБА-лигата. Сепак Денвер го загуби натпреварот со 140:139 по продолжение.
