Странски инвестиции
Нова фабрика во ТИРЗ Штип
02.04.2025 09:31
Од Владата велат дека овој нов инвестициски проект кој ќе придонесе за економскиот раст и развој на регионот.

Премиерот Христијан Мицкоски, ќе присуствува на отворањето на фабриката на странската инвестиција „Магна мехатроникс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.
Од Владата велат дека овој нов инвестициски проект кој ќе придонесе за економскиот раст и развој на регионот.
Според најавите, „Магна мехатроникс“ ќе создаде нови 500 до 600 работни места и ќе обезбеди значителен економски бенефит за општината и државата, со оглед на технолошкиот напредок и развојот на индустријата.
