МВР
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река
02.04.2025 09:43
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници...

Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, сеуште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, стои во соопштението.
