МВР
Приведен бегалец од затвор, вратен е во затворот во Идризово
02.04.2025 10:06
Вчера во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.С.(35) од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово...

Вчера во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.С.(35) од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово, информираат од МВР.
Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена.
Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.
