Сојуз на средношколци: Државната матура ќе се полага во училишните простории
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето на Сојузот на средношколци, државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, информираат од Сојузот...

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето на Сојузот на средношколци, државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, информираат од Сојузот.
Согласно оваа одлука, матурантите ќе полагаат во своите училишта, под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите.
За училиштата кои не ги исполнуваат овие услови, Државниот испитен центар ќе овозможи алтернативни простории врз основа на доставени барања од страна на засегнатите училишта.
