Фудбал

8-ми август и толку

08.08.2014 12:57

Ако сумираме, математиката вели дека билансот на македонските клубови во оваа сезона што за многу екипи тукушто почнува е 3 победи, 3 нерешени и 6 порази. Добро или лошо, проценката сепак е индивидуална...

Додека десетици клубови ја очекуваа денешната ждрепка за следните предизвици, додека најмоќните печалат преку Атлантикот и се подготвуваат за новата сезона, нашите екипи веќе две децении наназад во овој период ја завршуваат евроавантурата и комплетно се посветуваат на домашното првентво. И ништо не се менува. Се говори за амбиции, за желби и се се сведува на истото. Едно –две кола во европските купови и толку. Веќе и не се сеќаваме на имињата на противниците на нашите екипи бидејќи за некои и прв пат слушнавме. Така Шкендија беше елиминирана од Зимбру, Турново декласиран од Чукура, Работнички од Хелсинки, а Металург барем забележа 2 победи над Санта Колома, 2 реми и 2 пораза од Железничар и Омонија.

Ако сумираме, математиката вели дека билансот на македонските клубови во оваа сезона што за многу екипи тукушто почнува е 3 победи, 3 нерешени и 6 порази. Добро или лошо, проценката сепак е индивидуална.

И две децении истото прашање на крајот. Што треба да се менува, што да се направи за и Македонија конечно да има една екипа што ќе игра во групната фаза и барем ќе ја дочека раната пролет во еврокуповите.

Одговорот што прво се наметнува е пари. Точно, парите пред се, но и стратегијата, напредокот, па и желбата. Зарем 2 децении никој не успеа да обезбеди средства за создавање солидна екипа, играчи од младинскиот погон што ќе бидат носители на играта со уште неколку засилувања, особено што за разлика од другите спортови фудбалот ги враќа вложените средства и е одличен бизнис. Но, не и за нас. Едно две кола во европските купови, 200-300 илјади франци и полна капа. Кој ти ги дава. Сега битка во домашното првенство за место во Европа следната сезона и исто. Во круг, без почеток и крај.