Јавна седница во скопска Апелација за Ласкарци
Ова следува откако Обвинителството поднесе жалба.

Во скопска Апелација се одржува јавна седница за Ласкарци, за автобуската несреќа од 2019-та, кога загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Ова следува откако Обвинителството поднесе жалба.
Во пресудата која беше објавена лани во јануари, обвинетите беа прогласени за виновни. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули доби четири години затвор, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари шест години, а тројцата вработени во станицата за технички преглед добија затворски казни од по пет години. Најголема казна, 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски. На обвинетите им беше изречена и забрана за вршење професија во времетраење од пет години.
Обвинителството сметаше дека првостепениот суд правилно ја утврдил фактичката состојба, но оцени дека изречените казни за сопственикот, одговорниот за транспорт и за уште двајца кои го пропуштиле автобусот на техничкиот преглед се премногу ниски.
