Селтик административно остана во ЛШ

08.08.2014 13:46

И покрај двата пораза од Легија во квалификациите за Лигата на Шампионите, екипата на шкотски Селтик продолжува со настапите во елитното европско натпреварување. Имено, Селтик иако ги загуби двете средби од 3-тото квалификациско коло од Легија со 1-4 на гости и 0-2 дома, сепак поради административна грешка на полскиот шампион за кој во реваншот настапил фудбалер под суспензија, УЕФА натпреварот го регистрира со службени 3-0, доволно за шкотите да продолжат понатаму.

Во следниот круг Селтик за противник го доби Марибор за кој настапува нашиот репрезентативец Агим Ибраими.