Економија

Дурмиши: Владата не одлучи сама да го зголеми минималецот за 1.800 денари, го следевме законот

02.04.2025 13:49

Владата не одлучи сама да го зголеми минималецот за 1.800 денари, како што обвинува Синдикатот, ги следевме законот и утврдената методологија по кои одлука требаше да се донесе до крајот на март...

Владата не одлучи сама да го зголеми минималецот за 1.800 денари, како што обвинува Синдикатот, ги следевме законот и утврдената методологија по кои одлука требаше да се донесе до крајот на март, објаснува министерот за економија, Дурмиши.

„Живееме во демократија. Секој има право да излезе на улица и да протестира, да го искаже својот револт, но јас пак ќе кажам дека на синдикатите им е истечен мандатот и веќе не се репрезентативни. Ние како Влада ја формиравме комисијата, која требаше да утврди репрезентативност на синдикатите, и таа веќе работи. Очекувам да заврши со работа што побргу, оваа комисија упорно работи. Веднаш кога ќе се определи кој синдикат е репрезентативен, јас ќе свикам седница на Економско-социјалниот совет. Синдикатите треба таму да ги кажат своите барања, а не на улица“, вели министерот Дурмиши.

ССМ не отстапува од барањето минималната плата да биде 500 евра и затоа денес излезе на протест.