Струга Т.Љ. – Шкендија и Вардар – Брера А.П. полуфинални двојки во Купот на Македонија
02.04.2025 14:14
Полуфиналната ждрепка ги спои актуелниот шампион Струга Трим Љум и Шкендија, додека Вардар го доби тимот на Брера А. П.

Во „Куќа на фудбалот“ со ждрепка беа одредени полуфиналните парови во Купот на Македонија.
Полуфиналната ждрепка ги спои актуелниот шампион Струга Трим Љум и Шкендија, додека Вардар го доби тимот на Брера А. П.
Во полуфиналната фаза се играат два натпревари. Првите натпревари се закажани за 9-ти април, додека реванш мечевите се закажани за 23-ти април.
