Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за напади на енергетската инфраструктура
Кремљ тврди дека Путин е отворен за мировни преговори, но дека Киев е тој што кочи...

Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за напади на енергетската инфраструктура и прекршување на договорот за прекин на огнот со посредство на САД.
Кремљ тврди дека Путин е отворен за мировни преговори, но дека Киев е тој што кочи.
Зеленски пак, повика веднаш да се изврши притисок врз Москва и да не се чека 11-ти април, кога изминува еден месец од Руското „НЕ“ на американскиот договор. Тој в петок има средби со претставници на земјите кои се подготвени да испратат контингент војници во Украина.
Во речиси истовреме, во Брисел се одржува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО земјите. Главна тема е безбедноста на Украина и вооружувањето на Европа.
