Сведоштво на Кешишев за двојното убиство
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. По Манев и Видевски, на ред за сведочење Влатко Кешишев, кој на инспекторите им го покажал местото каде што го закопале девојчето …

Обвинетиот Влатко Кешишев се плаши од првообвинетиот за двојното убиство Љупчо Палевски, па побара тој да биде отстранет од судницата додека го дава својот исказ. Сведочеше дека Палевски му рекол со Велибор Манев да ископаат дупка во велешко, за која отпрвин сметал дека е за злато. Кога станала длабока, Манев му рекол да молчи оти може и глава да изгубат.
Кешишев отпосле сфатил дека ќе киднапираат некого. Панче го киднапирале во вториот обид, а сфатил дека е убиен подоцна, кога се појавиле со неговиот цитроен, а во гепекот било неговото тело.
За киднапирањето на Вања, вели дека тој само го возел возилото „Рено Канго“. Манев имал вреќа со која по вториот обид ја киднапирале Вања, ја однеле во Бразда, каде му рекле да чува стража. Видел дека некого изнеле од гепекот на цитроенот, копале дупка, а потоа го видел и Палевски со пиштол. Го слушнал и истрелот. По убиството на Вања му наредиле да помогне да се закопа дупката, да купи гориво и да го запалиле возилото.
Адвокатот на Палевски реагираше дека на неговиот клиент му се скратува правото да слуша исказ на судењето.
Кешишев сведочеше дека Палевски му рекол дека заминува за Белград, а подоцна му се јавил од Турција. Кога му кажал дека полицијата е во партијата, го прекинал разговорот.
Судењето продолжува в петок кога на Палевски ќе му биде дозволено да го прашува Кешишев.
Ирина Гелевска
