Почна со работа „Магна мехатроникс“ во зоната во Штип
Со инвестиција од 40 милиони евра од страна на канадската компанија „Магна“ во ТИРЗ зоната во Штип почна производството на автомобилски делови. Отворени се 350 работни места, бројот ќе расте до 600. Годинава во ТИРЗ зоната во Штип најавени се нови инвестиции…

„Магна мехатроникс“ почна со производство на механизми за автомобилски брави во ТИРЗ зоната во Штип, која е втора фабрика на „Магна“ во Македонија после фабриката во Струга. На овој начин го јакнеме нашето присуство во Европа и подобро одговориме на барањата на пазарот – истакна претседателот на европската дивизија на канадската компанија „Магна“.
Се одлучивме за Штип после успешната работа на фабриката во Струга каде инвестиравме околу 30 милиони евра и има околу илјада вработени, истакна генералниот директор за Македонија.
Минатата година во земјата се вложени 1 милион и 220 илјади евра странски инвестиции, а за годинава планот е да се привлечат повеќе странски инвеститори, за што се потребни и законски измени.
Славица Величковска
