Дел од средношколците државната матура ќе ја полагаат во своето училиште, одлучи Државниот испитен центар
Дел од средношколците државната матура ќе ја полагаат во своето училиште, односно спортските сали и холовите. Останатите кои учат во помали објекти ќе бидат тестирани на факултетите, вака одлучи Државниот испитен центар поучен од искуствата од минатите години...

Дел од средношколците државната матура ќе ја полагаат во своето училиште, односно спортските сали и холовите. Останатите кои учат во помали објекти ќе бидат тестирани на факултетите, вака одлучи Државниот испитен центар поучен од искуствата од минатите години. Голем број училишта во Штип, Битола, Прилеп, Скопје немаат просторни услови и наместо да се снаоѓаат ќе добијат точни насоки каде ќе се одржи матурскиот испит.
Иако беше најавувано, блокатори годинава нема да се ставаат во просториите каде што се полага државната матура, но се размислува ова да стане пракса наредните години поради масовното препишување на ланското тестирање кога беа откриени 3.000 ученици како прават препис на тестот по англиски. Матурантите почнаа со подготовките заедно со нивните ментори, веќе ги разгледуваат материјалите.
Првиот предмет од државната матура ќе се полага на 31-ви мај, вториот изборен е закажан за 11-ти јуни.
Викторија Милевска
