Армија

Одбележан денот на Првата пешадиска бригада

02.04.2025 16:57

И на овој празничен ден, никој не може да ја скрие болката и тагата од ужасната трагедија од Кочани, беше истакнато на одбележувањето во касарната „Страшо Пинџур“.

Одбележан денот на најголемата борбена единица во македонската Армија, Првата пешадиска бригада. И на овој празничен ден, никој не може да ја скрие болката и тагата од ужасната трагедија од Кочани, беше истакнато на одбележувањето во касарната „Страшо Пинџур“.

Во рамки на своето долгогодишно учество во мисиите на НАТО и други меѓународни вежби, македонските скорпии и леопарди успешно ги промовираат храброста, одлучноста, професионализмот и обученоста на македонскиот војник.

Втори април е определен како ден на Првата пешадиска бригада и го означува датумот на кој оваа единица беше трансформирана, преземајќи ги задачите и одговорностите на двете поранешни бригади.

Марија Котовска