Нетанјаху отпатува во Унгарија и покрај меѓународната потерница
Израелскиот премиер Нетанјаху пристигна во посета на Унгарија и покрај меѓународната потерница за наводни злосторства против човештвото во Газа. Владата на Орбан одбива да го уапси...

Израелскиот премиер Нетанјаху пристигна во посета на Унгарија и покрај меѓународната потерница за наводни злосторства против човештвото во Газа. Владата на Орбан одбива да го уапси.
Истовремено Израел ги продолжи нападите во Газа, ја прошири офанзивата и најави заземање на коридорот „Мораг“. Нетанјаху се закани дека ќе го зголеми притисокот врз Хамас сè додека не ги ослободи заложниците.
„Ја засиливме операцијата во појасот Газа. Израелската војска зазема територија, напаѓа терористи и ја уништува инфраструктурата. Правиме уште една работа – го заземаме коридорот „Мораг“. Колку повеќе се противат да ни ги вратат заложниците назад, толку повеќе ќе го зголемуваме притисокот“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
