Тенис
Ѓорческа обезбеди полуфинале во Арад
08.08.2014 14:10
Ѓорческа беше убедлива против домашната тенисерка Симона Јонеску, која освои само три гејма во двата сета, 6-3 и 6-0...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот во романскиот Арад, вреден 10.000 долари.
Во денешниот четвртфинален меч, Ѓорческа беше убедлива против домашната тенисерка Симона Јонеску, која освои само три гејма во двата сета, 6-3 и 6-0.
Во дуелот за финале во Арад, македонската претставничка ќе се судри со Николета Даскалу, една од трите Романки, кои се најдоа во најдобрата четворка на овој турнир.
Во второто романско полуфиале ќе играат Диана Бузеан и Марија Патрисија Тиг.