ЦУК

Mостот помеѓу Горно и Долно Лисиче отворен само за лесни возила

03.04.2025 11:02

Во последните 24 часа имало вкупно 1.766 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 61,55%, а 38,45% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Поради излевањето на Маркова Река, се поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче...

Во последните 24 часа имало вкупно 1.766 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 61,55%, а 38,45% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,62%, кон Итната медицинска помош 31,44%, кон пожарникарите 3,79%, а кон АМСМ 0,27% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Поради излевањето на Маркова Река, се поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче. До 10.00 часот, состојбата е стабилизирана со намалено ниво на вода, а ЈКП Комунална интервенирала со чистење на речното корито. Мостот кај Љубош бил привремено затворен, но до 11:15 е пуштен за сообраќај по контрола, со планови за дополнително зацврстување.

Општина Аеродром: Пријавени поплавен магацин и оштетен коловоз на Булевар „Кузман Јосифовски-Питу“. Мостот меѓу Горно и Долно Лисиче е отворен само за лесни возила.

Општина Кисела Вода: Оштетени 110 пчелни семејства и сандаци кај Сепарација, поплавен мебелски салон на Булевар „Борис Трајковски“, и нанос на дрвена маса во каналите кај Драчево.

Општина Студеничани: Продолжени пријави за поплавени објекти во Батинци, вклучувајќи оштетен магацин.

Општина Чучер Сандево: Реката кај мостот кон Кучевиште не претставува опасност по проверката.