МВР

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, лишено од слобода едно лице

03.04.2025 18:51

При претресот била пронајдена ловна пушка со калибар 16мм , ловни патрони со калибар 16мм, 223 куршуми од автоматска пушка, 70 куршуми за пиштол, четири рамки од автоматска пушка, две рамки од полуавтоматска пушка и граната.

Полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.А.(45) од Скопје. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викендичка во близина на с. Витолиште, прилепско, во сопственост на Ј.А.(45) од Скопје.

При претресот била пронајдена ловна пушка со калибар 16мм , ловни патрони со калибар 16мм, 223 куршуми од автоматска пушка, 70 куршуми за пиштол, четири рамки од автоматска пушка, две рамки од полуавтоматска пушка и граната.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.