Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ оди за Теодор Јаневски
Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2024 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива Теодор Јаневски - дипломиран џез-тапанар на Џез Одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев - Штип.

Годинешното 8-мо по ред издание на Џез фактори фестивалот, ќе се одржи од 17-ти до 19-ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола.
Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2024 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива Теодор Јаневски - дипломиран џез-тапанар на Џез Одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев - Штип.
Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола и ќе биде врачена на 19.04.2025 година, во 20 часот, на сцената на Народниот театар од Битола.
„Ја користиме оваа прилика да му ја честитаме наградата на младиот Теодор и да му посакаме многу успеси во професионалната кариера“, истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Досегашни добитници на наградата се:
2020 Александар Ванчовски - тапани
2021 Филип Динев - гитара
2022 Александар Бошков - гитара
2023 Јован Цветковиќ - пијано
2024 Давид Скерлевски - пијано
2025 Теодор Јаневски – тапани.
Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, Центарот за култура, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2.000 посетители.
