Следните денови постудено време со врнежи од дожд и снег
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.

Следува период на стабилно и постудено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, информираат од УХМР.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.
Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места.
Од понеделник утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
