Недостиг на инсулин и антидијабетна терапија, Здружението бара што поскоро да се заврши административната постапка
Од Здружението на лицата со дијабетес бараат од Министерството за здравство што поскоро да се заврши административната постапка, бидејќи тендерот бил завршен навремено и немало пречки за негово реализирање.

Се појави недостиг на инсулини, за одреден број кај пациентите со дијабетес во Македонија, како и антидијабетна терапија. За ова предупредуваат лицата со дијабетес.
Од Здружението на лицата со дијабетес бараат од Министерството за здравство што поскоро да се заврши административната постапка, бидејќи тендерот бил завршен навремено и немало пречки за негово реализирање. Затоа велат дека реагираат на почетокот, за да не се случи како со претходните тендери, кога реакцијата во два наврати доаѓала на крајот, кога инсулин и антидијабетна терапија снемало.
Од Здружението ја пренесуваат реакцијата на родителите на деца со дијабетес, дека во некои случаи во аптека, им се вршела замена со за нив несоодветен вид на инсулин.
