Лишен од слобода радовишанец поради извршена обљуба
Вчера во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.И. (43) од Радовиш, поради сомнение дека на 29/30.03.2025 во Радовиш извршил обљуба врз жителка на радовишко...

Вчера во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.И. (43) од Радовиш, поради сомнение дека на 29/30.03.2025 во Радовиш извршил обљуба врз жителка на радовишко, информираат од МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што била пронајдена зелена растителна материја.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки во текот на денот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
