Намален бројот на работници во индустријата
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 4.3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 проценти.

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 4.3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 отсто, кај Капитални производи за 6.3 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3 проценти, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 18 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во споредба со првите два месеца од 2024, е помал за 3.8 проценти.
