Култура

„Ифигенија за ништо“ премиерно во Драмски театар

03.04.2025 13:24

„Ифигенија за ништо“ е современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од жртвувањето во име на „високи цели“.

Премиерата „Ифигенија за ништо“ е првата претставата што е реализирана согласно  најавената Годишната програма на Драмски театар за 2025 година. Претставата ќе се изведе во сабота на 5 април во 20 часот на големата сцена „Ристо Стефановски“.

„Ифигенија за ништо“ е адаптација по текст и режија на Филип Петковски, кореографијата е исто така на Филип Петковски, сценографијата на Мартин Манев, а костимите се на костимографите Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: АГАМЕМНОН - Димитрија Доксевски, МЕНЕЛАЈ - Филип Трајковиќ, КЛИТЕМНЕСТРА - Јелена Жугиќ, ИФИГЕНИЈА - Нина Елзесер, АХИЛ - Стефан Вујисиќ, АРТЕМИДА - Сара Климоска, ОРЕСТ - Марјан Наумов, ДЕЧКОТО/СВЕТИОТ ЕЛЕН - Томислав Давидовски. Во хорот се актерките: Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Јована Спасиќ, Александра Павлова Бубања и Јована Миладинова.

„Ифигенија за ништо“ е современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од жртвувањето во име на „високи цели“. Базирана на „Ифигенија во Авлида“ и митот за убиството на светиот елен на божицата Артемида, оваа постановка користи елементи од физичкиот и танцовиот театар.

По премиерата, претставата ќе се игра на редовниот репертоар на театарот и следните изведби ќе бидат на 11 и 15 април. Времетраење на претставата е 100 минути и не се препорачува за лица помлади од 16 години.