Здравство

Случаите на туберкулоза во земјава на стабилно ниско ниво

03.04.2025 13:54

Има случаи на туберкулоза, но ние сме земја со низок ризик. Проблемот не е само на индивидуата, туку и на колективот бидејќи станува збор за заразна инфективна болест...

Има случаи на туберкулоза, но ние сме земја со низок ризик. Проблемот не е само на индивидуата, туку и на колективот бидејќи станува збор за заразна инфективна болест. Македонија отсекогаш имала туберкулоза, на стабилно ниско ниво од 130 до 160 заболени годишно и со смртни случаи од 6 до 15 лица.

Оние кои имаат симптоми со кашлица која трае две, три недели со ноќно потење треба да се јават на матичен лекар. Лекувањето на туберкулозата трае шест месеци, а засега има четири лека. Првиот месец пациентите се лекуваат во Институтот, кога заразата минува се пуштаат на домашно лекување.

Туберкулозата е болест на сиромаштијата, ја има во затворите, психијатриските установи, наркоманите, тие луѓе слободно шетаат и ја шират болеста.