Трагедијата во Кочани во фокус на пратениците
Опозицијата прашува, власта одговара. Седница со пратенички прашања во Собранието. Во фокус на пратениците трагедијата во Кочани…

Трагедијата во Кочани во фокусот на опозициските пратенички прашања. ДУИ алудира на селективна правда. Владата излегла со информации за фалсификувани лиценци пред Обвинителството. Оркестрирате политички работи во случајот, вели Блерим Беџети од ДУИ. Премиерот Мицкоски му одговори дека никогаш не се изразил така за некого да осуди и дека ништо не измислил. Напротив, проверките покажале дека се фалсификувале документи.
Од СДСМ сметаат дека механизмите за контрола покажуваат пропусти во БЈБ и во ОВР Кочани, дека не била направена процена за ризик и дека настанот во дискотеката „Пулс“ требало да биде прекинат поради присуството на малолетници, употребата на пиротехника и немањето лиценца за работа.
Министерот Тошковски одговори- бесрамно ја манипулирате јавноста за политички да профитирате. Претходната власт за случаите „Модуларна“ и „Ласкарци“ не поднесе ниту една кривична пријава.
Истрагата за Кочани продолжува. Досега се осомничени 34 лица. Обвинителството собира докази.
Миле А. Ристески
