Економија

ССМ подготвен за дијалог со Влада, не се откажува од барањето за повисок минималец

03.04.2025 18:00

ССМ не се откажува од предлогот за повисок минималец и плати за 6.000 денари со субвенционирани придонеси. Повикува на разговори со Владата.

Сојузот на синдикатите на Македонија не се откажува од барањето за зголемување на минималецот за 6.000 денари, со субвенционирани придонеси или пак со замрзнати на ова ниво како што велат, се согласуваат повеќето работодавци.

Ова го порача од Прилеп претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За разногласието меѓу синдикатите, вели дека ССМ се бори за подобрување на животниот стандард на работниците. Трендафилов упати повик до Владата да седнат на маса и да разговараат.

Според универзитетскиот професор Трајко Славески има Закон за минималецот и нема што да се разговара повеќе.

Со законот, зголемувањето на минималецот е 1.800 денари.

 

Елизабета Митреска