Јубилеј

МНТ одбележува осум децении постоење

03.04.2025 14:37

Со бесплатни претстави за секоја возраст македонскиот народен театар ги отвора вратите за својата публика. Повод, осум деценискиот јубилеј...

Со бесплатни претстави за секоја возраст македонскиот народен театар ги отвора вратите за својата публика. Повод, осум деценискиот јубилеј. „Распеана турлитава“ за најмладите, „Бели ноќи“ – работена според делото на Достоевски и дел од светската драматургија „Мој термин“ и Торонто експрес“ за возрасните. Најстарата актерка, како што самата вели Коневска-Руси, сè уште се грижи за најмладата публика.

МНТ е приказна која нашите театарски предци со голема љубов, труд и возбуда сите овие години неуморно ја твореа во националниот театар, а ние, денешните генерации ја пренесуваме и ја доградуваме за да ја сочуваме вредноста и достоинството во негувањето на културната и национална историја, велат од театарот.

На 3 април во 1945 година, со кревањето на завесата – премиерата на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, го одбележува отворањето на Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар прославува 80 годишен јубилеј. Во осум децениското постоење, 400 премиери, 400 приказни поголеми од времето.

Александра Спировска