Политика

Почна средбата Мицкоски-Филипче во Владата

03.04.2025 14:58

Пред состанокот со премиерот, лидерот на СДСМ изјави дека очекува конструктивен разговор и оти е внимателен оптимист. На социјалните мрежи се огласи и премиерот Мицкоски...

Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Пред состанокот со премиерот, лидерот на СДСМ изјави дека очекува конструктивен разговор и оти е внимателен оптимист.

„Искрено очекувам конструктивен разговор. Навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш“, нагласи Филипче и кажа дека жали што вчера одредени политички партии се обиделе да уфрлат некаква етничка димензија и дека тоа апсолутно го демантира.

На социјалните мрежи се огласи и премиерот Мицкоски.

„Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност ѝ се повеќе од потребни на Македонија“, стои во објавата на Мицкоски.

По средбата се очекува изјава на лидерот на опозициската СДСМ, додека од Владата најавија соопштение од средбата.