Здравство

Линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавното здравство

03.04.2025 15:15

Ресорниот министер Арбен Таравари вели – најновото зголемување е уште еден голем чекор напред, кон повеќе сигурност, поголема мотивација и заслужено признание за макотрпната работа на илјадниците лекари, сестри, техничари и административен персонал...

Со најновото линеарно зголемување на платите од 2.500 денари за сите вработени во јавното здравство, заедно со ноемвриското покачување, вкупното зголемување на платите достигнува околу 4.800 денари, а за медицинските сестри 6.200 денари.

Ресорниот министер Арбен Таравари вели – најновото зголемување е уште еден голем чекор напред, кон повеќе сигурност, поголема мотивација и заслужено признание за макотрпната работа на илјадниците лекари, сестри, техничари и административен персонал.

Со зголемувањето на платите се трудиме да го вратиме достоинството на здравствените работници, бидејќи Македонија сè уште има релативно ниски плати во јавното здравство, споредено со соседните земји, став на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Здравството е столбот на државата и се надеваме дека во наредните години, врз основа на потпишана спогодба, ќе има и ново зголемување на платите, велат од Синдикатот.

Со последното зголемување, најниската плата во здравството изнесува над 27.000 денари, за работното место хигиеничар.

 

Марија Котовска