Здравство

Одреден број на дијабетичари повторно без терапија

03.04.2025 15:43

Дијабетичарите алармираат дека се појави недостиг на инсулини за одреден број на болни од дијабетес и антидијабетска терапија. Тендерот е поминат, но не е потпишан. Стравуваат дека ќе се јави нова криза со терапијата...

Дијабетичарите алармираат дека се појави недостиг на инсулини за одреден број на болни од дијабетес и антидијабетска терапија. Тендерот е поминат, но не е потпишан, па стравуваат дека ќе се јави нова криза со терапијата.

Според министерот за здравство, Таравари, недостиг имало само на одредени места, но не во цела држава, но и дека постапката за набавка е во тек.

Околу 44 илјади пациенти се на инсулинска терапија и со години наназад се соочуваат со недостиг на инсулин, ленти, глукомери, што сериозно го загрозува и предизвикува последици по нивното здравје.

Ирина Гелевска