Здравство

Пластичните хирурзи велат дека прават сѐ повредите здобиени од пожарот во Кочани да ги сведат на минимум

03.04.2025 17:44

Еден пациент од Австрија се враќа во државава. Во странските медицински центри се третираат 80 пациенти. Пластичните хирурзи велат дека прават сѐ повредите здобиени од пожарот во Кочани да ги сведат на минимум. Огромно значење било присуството на лекарите од Србија и Израел …

Дали ќе бидам убав, дали ќе имам лузни, биле прашањата на младите луѓе повредени во кочанската дискотека коишто биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ и за нив се грижела и докторката Катерина Митевска, специјалист по пластична хирургија. Вели се поврзале со неа, со нејзините колеги, ги споделувале со нив своите стравови, надежи, а тие правеле и ќе направат се последиците да ги сведат на минимум.

За докторката Митевска и нејзините двајца колеги пластични хирурзи од огромно значење било присуството на лекарите од Србија и Израел.

За пациентите коишто ќе се враќаат од странство и ќе им треба подолго закрепнување, во ГОБ „8 Септември“ ќе има центар за физикална медицина и рехабилитација.

Еден пациент од Австрија денеска се враќа во државата – во странските медицински центри се третираат 80 пациенти. Странски тимови за рехабилитација се пристигнати во нашите центри.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски