Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
04.04.2025 08:19
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 8 степени, а максимумот од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
