На денешното рочиште треба да се соочат првообвинетиот Палевски и Кешишев
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На рочиштето, треба да се соочат првообвинетиот Љупчо Палевски и на еден од обвинетите, Влатко Кешишев...

Во скопскиот суд продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На рочиштето, треба да се соочат првообвинетиот Љупчо Палевски и на еден од обвинетите, Влатко Кешишев.
На претходното судење Кешишев раскажа како заедно со Палевски, Манев и Видевски ги грабнале и ги убиле Вања и Панче. Љупчо Палевски беше отстранет од судницата, по барањето на адвокатот на Кешишев, бидејќи тој се плашел да сведочи пред Палевски.
Пред да почне судењето, Кешишев со изјава негираше учество на Палевски во случајот, но после ја повлече, тврдејќи дека имал закана од Палевски во полициското комбе, додека ги возеле од притвор во судот.
